Определен притвор за двајца обвинети во „Монструм“

пред 3 години

На барање на обвинителката Фатиме Фетаи, Судот им определи притвор на двајца обвинети во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

На обвинетиот Фејзи Азири му е опредлена мерка притвор во траење од 30 дена и решението е доставено во Истражниот затвор Скопје каде се наоѓа обвинетиот поради издржување друга затворска казна.

Другиот обвинет за кој е определен притвор е Агим Исмаиловиќ по кого полицијата трагаше неколку часа. Според најновите информации, Исмаиловиќ е на пат кон затворот во Шуто Оризари.

Во случајот со петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година обвинети се пет лица.

Покрај Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, обвинети се и братот на Агим, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута.

Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово.

Петтемина беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток.

Share
Scroll to Top