Османи: До последен момент ќе се прават напори за приближување на ставовите со Бугарија

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека претстојат уште три дена, за приближување на ставовите со Бугарија, па нема да се откажеме од овој процес до последниот момент. Тој оцени дека е постигнат е напредок во однос на 7-8 прашања, кои биле сензитивни за едната или за другата страна.

„Пред нас се уште три дена, ќе работиме до последниот момент да аргументираме дека процесот на европските интеграции не е процес којшто е важен само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за сите земји членки на Унијата, пред се и за кредибилитетот на Унијата, но и за регионалната динамика“, изјави  Османи, додавајќи дека Министерството ја подготвило платформата за комуникација во овој период и ги создало каналите. Османи подвлече дека сепак одлуките ги носи државниот врв, Владата заедно со другите чинители.

Вели дека има простор да се разговара за прашањето за рехабилитацијата на жртвите од комунизмот, прашањето за немешање во внатрешните работи на соседите, на економската соработка, создавање акциски планови за инфраструктурното поврзување помеѓу државите.

Османи рече дека не може да предвиди што ќе бидат одлуките на Советот за општи работи во вторник кога ќе се организира конференцијата.

Share
Scroll to Top