Османи: Нашето општество е пример за мултиетничка демократија

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на министерски состанок на покана на министерот за надворешни работи на Полска, Збињев Рау, посветен на унапредување на слободата на религии или убедувања.

„ Силно сме посветени на почитување и заштита на слободата на религиите и убедувањата, преку стриктно утврдена легислатива преку која се гарантираат овие основни човекови права. Во таа насока, преку институционалните структури вршиме нивна промоција, заштита и унапредување на национално ниво“, истакна Османи.

Презентирајќи ги активностите кои Владата ги превзема и на меѓународен план за промоција на слободата на религијата, Министерот Османи потсети дека ,,Република Северна Македонија почнувајќи од 2007 година на секои три години организира Меѓународна конференција посветена на Дијалог меѓу цивилизациите и религиите, како потврда за мултирелигискиот и мултикултурниот карактер на земјата како пример за мултиетничка демократија и разноликост во општеството”.

Целта на состанокот произлезе од потребата од енергично јакнење на напорите на меѓународен план за справување со злоупотребата на религиите во криминални цели, како и за нивна заштита, негување и почитување. Воедно, со консензус од страна на учесниците беа усвоени неколку заеднички изјави посветени на унапредување на меѓурелигискиот дијалог, за заштитата на малцинските религиозни групи, за придонесот на религиозните актери кон градењето на мирот и сл.

Share
Scroll to Top