Пендаровски: Мицкоски се согласи дека на земјата не ѝ е потребно членство во ЕЕЗ

пред 3 години

Од кабинетот на претседателот Пендаровски, во врска со понудата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во Европската економска зона (ЕЕЗ), денеска појаснуваат дека тоа било идеја која во Брисел циркулирала во октомври минатата година кога отварањето преговори за Македонија беше одложено заради усвојување на новата методологија.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ реагираше и јавно запраша зошто државниот врв ја одбил ваквата понуда, но претседателот објаснува дека тој и тогаш и сега смета дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа, а како што вели, тоа на 20 октомври 2019 година било прифатено на средба меѓу претседателите на политичките партии од власта и од опозицијата.

„На средбата беше постигнат апсолутен консензус и од страна на сите лидери, вклучително и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше поддржан ставот дека на Република Северна Македонија ѝ е потребно членство во Европската Унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, затоа што на земјата покрај економска интеграција ѝ е потребна и политичка интеграција и усвојување на демократските стандарди и вредности – владеење на правото, независно судство и медиуми, човекови слободи и права“, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Share
Scroll to Top