Повреден возач на мопед во Скопје

пред 3 години

Вчера во 18.45 часот било пријавено дека во Скопје на булеварот „Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „мото зета“, управуван од А.С.(40) од Скопје и патничко возило „пежо 607“, управувано од М.А.(39) од Скопје. Во незгодата А.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top