Полицијата вчера спречила нелегален влез на 252 мигранти

пред 4 години

Полициски службеници од повеќе организациски единици на МВР во текот на вчерашниот ден (15. октомври), во рамки на оперативната акција „Рефлекс“ спречиле влез на 252 мигранти долж граничната линија со Грција, Бугарија и Србија, информираат од ресорното министерство.

Веќе е познато дека во текот на вчерашниот ден беше сузбиена 12-члена организирана криминална група за криумчарење на мигранти.

МВР и во наредниот период продолжува со мерки и активности за спречување на илегален влез на териоторијата на државава.

Share
Scroll to Top