Поранешната дива депонија во Мичурин сега е нов зелен парк

пред 3 години

Дивата депонија во населбата Мичурин е нов зелен парк за граѓаните, соопшти Град Скопје.

Во овој парк изминативе денови беа засадени 520 нови висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, а овде е засадено и највисокото дрво за оваа сезона кое е високо 7,4 метри.

Новоуредената јавна површина на околу 6.000 квадратни метри е поделена на прекрасен нов парк со детско игралиште и паркинг-простор кој ќе го стопанисува ЈП „Градски паркинг“ со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на околните згради. Наскоро, паркот ќе добие и соодветно осветлување и нови рекреативни содржини.

Град Скопје соопшти дека продолжува со уредување на местата кои претходно биле диви депонии. Исто така велат дека ќе продолжат и со засилени инспекциски надзори за да се спречи повторното создавање ѓубришта на истите места.

Share
Scroll to Top