Пратеникот на СДСМ, Лазе Таневски е позитивен на Ковид-19

пред 4 години

Пратеникот на СДСМ од Охрид, Лазе Таневски е позитивен на Ковид-19. Тој објави на својот Фејсбук дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направил тестирање на Ковид-19 и за жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи, истиот е позитивен.

Почитувани пријатели,Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање…

Posted by Laze Tanevski on Сабота, 10 октомври 2020

„ Сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни. Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.

Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.
Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам. Се гледаме наскоро“ напиша Таневски.

Share
Scroll to Top