Приведени четворица дилери, пронајдена дрога во Гевгелија

пред 3 години

Полициски службеници вчера во Гевгелија приведоа четири лица и пронајдоа околу четири килограми марихуана, 20 стебла канабис, метамфетамин, како и лабараторија за производство на масло од канабис.

„Околу 16 часот на место викано железнички мост е пронајдена марихуана кај М.Л. (41) и Е.П. (32), кои биле со возило „пежо“. Потоа е извршен претрес на имот на периферијата на Гевгелија, кај Е.С. (44) и Љ.П. (46), од кои М.Л. и Е. П. ја купиле марихуаната. При претресот се пронајдени 20 стебла канабис, поголем број на цветни завршетоци од марихуана, остатоци од стебла канабис“, информира МВР.

Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top