Разбојници од Прилеп од два стана во Струмица украле предмети вредни над милион денари

пред 3 години

Прилепската полиција во текот на вчерашниот ден привела три лица поради сомнение дека се сторители на кривични дела „тешки кражби“.

Врз основа на судска наредба биле извршени и претреси во домовите М.Т.(27), М.Д.(29) и Д.Е.(20) сите од Прилеп, при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

Тројцата прилепчани се сомничат дека се извршители на две кривични дела тешка кражба извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на подесен алат, одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети со што се стекнале со противправна корист од 1.277.030 денари.

Во текот на денешниот ден лицата ќе бидат изнесени пред судот во Струмица.

 

Share
Scroll to Top