Само во Крушево во моментов нема ниту еден заразен со коронавирус

пред 4 години

Крушево во моментов е единствениот град во Македонија каде не е бележан ниту еден активен случај на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата, во Крушево со коронавирус се заразиле 20 лица, но тие веќе се водат во евиденцијата на излечени или починати.

Бројот на активни случаи во земјата до денеска изнесува 5.550 лица.

По Крушево, најмалку заразени со коронавирус има во Демир Хисар и Македонски Брод –  по 4 активно заразени, по што следат Пехчево и Кратово со по 7 активни случаи.

На врвот е Скопје со 2.674 активно заразени лица, а зад него се Струмица (358), Тетово (288), Прилеп (226), Куманово (225). Над 100 заразени има во Кочани (195), Штип (159), Битола (151), Гевгелија (141), Делчево (116), Гостивар (104).

Во Скопје и денес, најмногу активни случаи има во Аеродром (534), Карпош (446) и Центар (445).  Зад нив е Кисела Вода со 320 активно заразени, Гази Баба (280), Ѓорче Петров  (216), Чаир (115), Бутел (111). Другите скопски општини имаат помалку од 100 активно заразени.

Денеска починаа 12 лица, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 846 лица. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.788, бројката на оздравени пациенти е 17.392.

Share
Scroll to Top