СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија што работи против здравствениот систем

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија што работи против здравствениот систем, единствена партија што не може да се помири што во државата почнува вакцинацијата, реагираат од СДСМ, на изјавата на Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ, дека Заев и Филипче не се способни да постигнат директни договори и да набават вакцини и дека тие единствено мислат на договори за физибилити студии за распродавање на јавното здравство.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека профункционира Ковакс механизмот, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека од среда ќе почне вакцинација на возрасни граѓани над 75 годишна возраст, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири бидејќи во земјава се вакцинирани здравствените работници што работат со ковид пацинети. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што во земјава наскоро ќе почне масовна имунизација. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што денеска голем број преставници на дипломаткиот кор, СЗО, УНИЦЕФ, ООН, ја поздравија заложбата на Владата и министерот за здравство д-р Вено Филипче за борбата со пандемијата и набавката на вакцини против Ковид 19“, се наведува во реакцијата.

Од СДСМ вела дека ВМРО – ДПМНЕ е единствената партија која сака политички да профитира на сметка на макотрпната работа на здравствнеите работници, на пациентите, нивните семејства.

„ВМРО-ДПМНЕ е единстевната партија која го поткопува здравствнеиот систем, набавката на вакцините. ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која преку своите портали, шири лаги давајќи карактеристики кои вакцини се добри , а кои не со што ги доведува во заблуда граѓаните и прави сериозна штета и на процесот на имунизација и штети врз здравјето на граѓаните. Затоа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се казнувани од граѓаните и затоа уште долго ќе се опозиција“, се наведува во реакцијата.

Share
Scroll to Top