СДСМ: Дрскост и лицемерие е Мицкоски да го цитира Славко Јаневски, кога ВМРО-ДПМНЕ срамно го лустрираше

пред 3 години

„Откако ги навреди граѓаните и кажа дека Македонците се хистеричен народ, Мицкоски сега се обидува да им препише и амнезија.Мицкоски денеска бесрамно и дрско го цитираше великанот Славко Јаневски, чија лустрација, партијата на Мицкоски во 2013 година ја нарача и поддржа“, соопшти СДСМ.

Според партијата, процесот на лустрација кој ВМРО ДПМНЕ го злоупотребуваше за пресметка со неистомисленици и обезвреднување на еден историски период, го зафати и Славко Јаневски, авторот на првиот роман напишан на стандарден македонски јазик.

„За лустраторите кои работеа по нарачка на менторот на Мицкоски, Никола Груевски, не беа важни ликот и делото на починатиот Јаневски за да го прогласат за полициски информатор на тајни југословенски служи, без да го има основното човеково право да се одбрани.Каква е таа дрскост на Мицкоски да ги изговара стиховите на Јаневски еден од основоположниците на современата македонска книжевност, откако со неговото ВМРО-ДПМНЕ му нанесоа толку голема неправда и болка на неговото семејство.Мицкоски е осамен во неговата хистерија, во сопствениот очај, дефинитивно е без срам и перде и должи извинување и на македонскиот народот и на семејството на Славко Јаневски.Мицкоски, ти не си го познаваш народот, затоа народот те казни и сега во опозцијата“, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top