СДСМ: Предметот историја не се укинува, ВМРО-ДПМНЕ лажат

пред 3 години

Предметот историја не се укинува, ниту се брише, ниту се ретушира, џабе лаже оваа загубена партија. Тоа не е точно, се менува пристапот кон изучување на материјата, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ која кажа дека бришењето на историјата како училиштен предмет се совпаѓа со квислиншките политики на Заев.

„Лажеа и ги плашеа граѓаните дека во државата ќе се населуваат мигранти, дека ќе се промени структурата на населението со доселување на 2 милиони Африканци. Сега лажат дека историјата се ретушира. Реформата на образованиот е потребна затоа што 11 годни токму ДПМНЕ создаде невиден хаос. Неквалитетни учебници, полни со дискриминаторски содржини и материја несоодветна за возраста на учениците, проектот Кембриџ, чии учебници воопшто не се одобрени од Меѓународниот институтот Кембриџ, кој не бил ни вклучен во развојот на наставната програма по која сѐ уште се предава во училиштата“, се наведува во реакцијата.

Оваа нивна политика, додаваат од СДСМ, го доведе нашето образование на дното на сите ранг листи, според домашните и меѓународни истражувања.

„Затоа следува сеопфатна реформа на образованието, а промените кои следуваат ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини“, велат од СДСМ.

Share
Scroll to Top