СДСМ со сочувство до семејствата на починатите во пожарот во Тетово, нашите мисли се со тетовчани

пред 3 години

Длабоко сочувство до семејствата на починатите во пожарот во Тетово, нашите мисли се со тетовчани, е напишано во соопштението од владејачката СДСМ.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на починатите во синоќешниот трагичен пожар во модуларната болница во Тетово. На повредените им посакуваме брзо закрепнување“, велат од СДСМ.

Од таму оценуваат дека истрагата која тече од синоќа ќе ги даде одговорите на сите прашања.

„Нашите мисли се со тетовчани, заедно сме во оваа колекативна тага и жал“, стои во напишаното од владејачката партија.