Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скопје секоја вечер се труе

пред 3 години

СДСМ и Шилегов не направија ништо за подобрување на квалитетот на воздух. Уште зимата не е почната, а нивото на канцерогени ПМ10 честички е 5-6 пати над максимално дозволеното. Скопје секоја вечер се труе, обвини Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Шилегов три години фрлаше пари за се, само за подобрување на квалитетот на воздух не одвои ниту денар.
Воздухот е позагаден од кога било порано. Тоа е дополнителен проблем и при КОВИД пандемијата, како за хронично болните, така и за сите граѓани. Во СДСМ неспособноста на Филипче убива, а на Шилегов труе. Шилегов дава 200 илјади евра за лампиони, а нема за почист воздух“, пишува во соопштението.

Ниту Шилегов, нуту Филипче, ниту СДСМ, велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, се грижат за граѓаните и затоа сме тука кај што сме Скопје затворен лонец со смог.

Share
Scroll to Top