Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов призна дека Вардариште го загадува Скопје

пред 3 години

Петре Шилегов денес призна дека Вардариште го загадува Скопје и ја уништува животната средина. Вардариште е депонија направена од град Скопје и со години го труе градот, обвини Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Тие велат дека Шилегов три години ветува решавање на проблемот со Вардариште.

„На Вардариште гори секаков отпад, а тоа го дишат граѓаните. Од миризбата, и запалената депонија страдаат жителите и на Гази Баба и на Аеродром. Вардариште е проблем за цело Скопје, особено сега кога Скопје се гуши. Мерните станици низ Скопје веќе неколку дена по ред покажуваат 2 – 3 пати загаденост над дозволеното, а ниту една мерка не е преземена. Шилегов три години преспа. Три години не е направено ништо за животната средина. Од ветениот чист воздух, нови зелени површини и почиста животна средина нема ништо. Време е за одговорност“, пишува во соопштението.

Share
Scroll to Top