Советот за безбедност утре повторно ќе заседава за Ковид-19

пред 3 години

Утре со почеток во 12 часот во Кабинетот на оретседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции, се наведува во соопштението.

Share
Scroll to Top