Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил, велосипедист и пешак во Скопје

пред 3 години

Синоќа на улицата Скупи се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил управуван од Џ.К.(28), велосипедист А.Ѓ.(48) и пешак С.Ј.(21) – сите од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот А.Ѓ., а со телесни повреди пешакот С.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на незгодата извршила полициска екипа.

Share
Scroll to Top