Средба Николоски-Памер: реализација на капиталните проекти и унапредување на инфраструктура, тема на разговорот

Средба Николоски-Памер: реализација на капиталните проекти и унапредување на инфраструктура, тема на разговорот

пред 2 месеци

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.

На средбата се разговараше за реализација на капиталните проекти, унапредување на инфраструктура и учеството на Македонија како рамноправен партнер во економското зајакнување и стабилизација на регионот.

Исто така на средбата се отвори темата и за проектот за брза пруга на Коридот 10, придобивките од реализација на овој регионален проект и подготовеноста на Австрија да се вклучи во истиот.

Двајцата говорници разговараа и за унапредување на соработката во патниот сектор, авиосообраќајот и други сектори од заеднички интерес на двете земји.

На средбата се потврдија добрите билатерални односи, со посебен акцент на развивање на економските врски. Средбата ја искористија да разговараат и за зголемување на трговска размена и зајакнување на регионалната соработка.

Текстот Средба Николоски-Памер: реализација на капиталните проекти и унапредување на инфраструктура, тема на разговорот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top