Тешко повредено младо момче – со мотор се превртело на обиколница

пред 4 години

Дваесет и двегодишен скопјанец е тешко повреден откако вчера попладне со мотор паднал на скопската обиколница, во близина на клучката Смилковци.

Во незгодата мотоциклистот Д.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top