Уапсен разбојник кој ограбил три продавници во трговски центар во Карпош

пред 3 години

Во вечерните часови на 14 јануари, полицајци од полициската станица Карпош го уапсиле 41-годишниот М.Р. од Скопје, поради тоа што извршил три тешки кражби во продажни објекти во трговски центар на подрачјето на Карпош.

Како што информираат од МВР, украдените предмети му биле одземени, а тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за „тешка кражба“.

Share
Scroll to Top