Филипче: За ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана

пред 3 години

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска имаше состанок со директорите на Зравствените домови од цела држава, каде се дискутираше за вакцинацијата против Ковид-19. На директорите им беше посочено дека почетокот на вакцинацијата нема да значи веднаш намалување на ризикот од Ковид-19, ниту, пак, веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените домови.

Ризичните групи, рече Филипче, ќе бидат приоритетно вакцинарани и за нив вакцинацијата е високо препорачана, но не задолжителна.

Вакцинацијата за Ковид-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинара.

„За вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети, бидејќи таа инфраструктура е добро поставена и функционира. Секој Здравствен дом, ќе треба да достави извештај по направен увид во човечки капацитети со кои располага како и задолжителна проверка на техничките капацитети и нивната функционалност. Исто така секој Здравствен дом ќе мора да назначи одговорно лице за координација и организација на Ковид 19 вакцинацијата“, рече Филипче.

Претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова, рече дека Здравствените домови ќе добијат прашалник каде ќе треба детално да го наведат бројот на кадарот за вакцинација, нивната обученост бројот на вакцинални пунктови, во колку смени работат во работни денови и викенди, како и колку од персоналот учествувал во обуки за одржување на „студен синџир“.

Грозданова пред директорите образложи повеќе клучни сегменти за процесот на вакцинација, чување и дистрибуција на вакцината, начинот на апликација на вакцината, процесот на вакцинирање, како ќе се закажува вакцинација преку системот Мој термин. Секој ЗД ќе изготвува записник од извршено примопредавање на вакцината, а преку системот Мој термин ќе се следи процесот на вакцинација.

„Се поставува посебен модул на Ковид-19 вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, сепак бидејќи е нова вакцина ќе се организиара едукативен тренинг“, рече Грозданова.

Share
Scroll to Top