Шахпаска: Зголемување на капацитетите на градинките и нивно безбедно згрижување е наш приоритет

пред 4 години

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на детската градинка „Детска Радост“ клон Темјанушка во населбата Автокоманда , Општина Гази Баба, каде што изминатиов период се работи на нејзино реновирање.

„Навистина задоволството е огромно кога се работи на проект со кој се обезбедувааат прекрасни услови за згрижување на децата во градинките, преку реновирање на постоечките, проширување на капацитетите и отворање на нови. Таков е случајот и со детската градинка „Детска Радост“ клон Темјанушка ,каде што се наоѓаме денес, кои преку програмата на Владата за намалување на аерозагадувањето во делот за енергетска ефикасност е направена целосна промена на прозорците и во моментов се работи на нејзино внатрешно реновирање односно санитарните јазли и подот“, истакна Шахпаска.

Притоа, таа го посочи и отворањето на новата градинка во Стајковци како уште еден успешен проект кој е во завршна фаза и исполнување на целта зголемување на бројот на деца на ниво на општината.

„Како Министерство целта ни е и да правиме децентарализација на социјалните услуги во локалните средини, таму каде што граѓаните престојуваат и живеат и оттука потребата за отворање на собата за аутистичен спектар на нарушувања која вклучува не само деца од претшколска туку и деца од школска возраст и тоа е наш заеднички приоритет и за општината и за нас како Министерство“, посочи Шахпаска.

Таа изрази задоволство на подготвеноста на општината Гази Баба и градинките во неа, за доследното почитување на Протоколот и фактот дека досега во оваа градинка нема позитивен случај на КОВИД 19.

Министерката Шахпаска и градоначалникот на Општина Гази Баба, Горгиевски за периодот кој следува најавија отворање и реновирање на уште градинки со кои капацитетите за сместување на деца би се зголемил. Само за последниве две години во Општина Гази Баба е обезбеден престој за нови 220 деца , преку отворање на градинките Морковче во Јурумлери и Калинка во населба Железара.

Share
Scroll to Top