Министерот за здравство, Венко Филипче утрово информираше дека на Клиниката за Токсикологија биле примени 17 пациенти, од кои 11 поради алкохолизирана состојба.
Седум од алкохолизираните биле малолетници на возраст од 14 до 17 години кои после соодветен третман биле добри и се пуштени дома.
Од Клиниката додаваат дека 10 пациенти биле машки, а седум женски лица.
„Во службата за Итна медицинска помош ноќеска имало околу 50-тина повици, најмногу поради алкохол, помалку повредени во физичка пресметка и неколку сообракајќи, од кои една посериозна сообраќајка. На Инфективна 60-тина пациенти се хоспитализитани од ковид, а 40-тина од нив се на кислородна поддршка“, рече Филипче.