357 санкционирани возачи во Скопје, 36 без возачка дозвола

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 357 мерки, меѓу кои 36 за возење без возачка дозвола, 21 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 за користење на мобилен телефон и 8 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се 54 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 35 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 23 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top