382 пациенти се хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје

пред 3 години

Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во Скопје се примени 38 пациенти со симтоми на вирусот Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

На интерните клиники имало 12 приеми и тоа четири во ковид центарот на Клиниката за дерматологија, пет приеми во центарот на Клиниката за неврологија и три пациенти се хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ.

На Клиниката за инфективни болести во изминатото деноќие имало 18 приеми, а во ковид-центарот во болницата „8 Септември“ се примени 9 нови пациенти.

До утрово во 8 часот, вкупно 382 пациенти се хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје, информираат здравствените власти.

Од таму додаваат дека капацитетите се генерално исполнети, но слободни места има.

Во моментов, на Клиниката за дерматологија во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 158 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 42 пациенти, 14 деца и 28 возрасни.

Слободни места во моментов има доволно во ковид-центрите на интерните клиники, а се очекува во текпт на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во болницата „8 Септември“.

На Интерните клиники во ковид-центрите на Клиниката за неврологија и на Клиниката за дерматовенерологија покрај постоечките 64 кревети, ќе се стават во функција и дополнителни легла, а од сабота пациенти ќе се примаат и во новите ковид-центри на Клиниката за Гастроентерохепатологија и на Клиниката за нефрологија.

Овие клиники располагаат со кислородни места за третман на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка. На Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ капацитетите се генералнпо полни, но во тек на денот се прават исписи на оздравени пациенти и постепено се ослободуваат дополнителни места. Оваа клиника располага со 56 места за лекување на ковид пациенти.

Сите нови оддели на Интерните клиники располагаат со болнички места до кои имаат довод на кислород. Во тек е доопремување со останатата медицинска опрема која им е потребна на лекарите, а од денес покрај пулмолог и анестезиозолог, достапен за консултации на интерните клиники ќе биде и лекар анестезиолог од КАРИЛ.

Share
Scroll to Top