546 новозаразени во Скопје, Гази Баба со речиси 1.500 активни случаи на Ковид-19

пред 5 месеци

546 новоинфицирани лица, 402 оздравени и еден починат пациент – ова е корона-билансот во изминатите 24 часа во Скопје, според податоците на здравствените власти.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во главниот град денеска уште повеќе се доближи до 10.000 (9.985), а најмногу активно заразени лица има во општината Гази Баба (1.485).

Четирицифрен број на активни случаи има и во општините Аеродром, Карпош, Центар и Кисела Вода, соопшти Министерството за здравство.

Еве ја распределбата на активните случаи по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 620
• Гази Баба – 1485
• Аеродром -1437
• Карпош – 1177
• Центар – 1190
• Кисела Вода – 1229
• Ѓорче Петров – 844
• Бутел – 573
• Шуто Оризари – 201
• Студеничани – 51
• Сарај – 158
• Арачиново -32
• Илинден – 242
• Сопиште – 66
• Чучер Сандево – 98
• Петровец –126
• Зелениково -73
• Странец – 175
• Нераспределен- 208

Share
Scroll to Top