Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

пред 3 години

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на денешната владина седница.

Неговото назначување се случува во период кога Скопје прави напори за изнаоѓање на решение со Софија, која се закнува со блокада на преговарачката рамка на Македонија за почеток на преговорите со Европската унија.

Бучковски беше некогашен лидер на СДСМ, премиер и министер за одбрана. Тој по професија е правник и професор по римско право.

Share
Scroll to Top