ВМРО-ДПМНЕ: Постојат 1085 причини Филипче до изутрина да си поднесе оставка

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за здравство, Венко Филипче. Од партијата го обвинуваат дека е одговорен за непреземање мерки.

„ Бројката на заразени денес е 1085 лица. Постојат нови 1085 причини Венко Филипче да си поднесе оставка до утре изутрина. Непостапувањето и непреземањето на мерки е подеднакво лошо како и лошите мерки. Венко Филипче е одговорен и за едното и за другото.

Оставката на Филипче веќе не е политички став туку нужност за да се спасат животи“ велат од опозициската партија.

Share
Scroll to Top