Казнети 650 лица за неносење маска

пред 3 години

Полицијата вчера казнила 650 лица за неносење маски.

„Во текот на изминатото деноноќие (05/06.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 650 прекршоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Share
Scroll to Top