Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата фејсбук страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО.
„Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова име за лично богатење. ‘ПослушајтеПатриоти’” – напиша Апасиев на социјалните мрежи.
Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, остро реагираше на предлог-законот, нарекувајќи го „срамен обид“ и дел од поширока агенда насочена кон бришење на македонската историја и идентитет.
„Радикални маргинални структури се обидуваат повторно да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата. Последниот обид на Левица е ништо друго освен директна нарачка од круговите што со децении работат против македонскиот идентитет“, порача Мицевски во изјава до медиумите.
Тој потсети дека слични обиди имало и во 2018 година, со поддршка од, како што рече, тогашната власт на СДСМ, ДУИ и СЈО. Тогаш тие обиди биле спречени со поддршка од пријателски држави и сестрински партии.
Мицевски посебно го спомена лидерот на Левица, Димитар Апасиев, за кого рече дека од советник во СЈО сега преминал во улога на извршител на туѓи интереси.
Текстот Левица поднесе Предлог-закон за заштита на името ВМРО, Мицевски вели дека е нарачано од круговите што работат против идентитетот е превземен од МАКФАКС.