Пожар во трафостаница во близина на Пинтија

пред 3 години

Огромен пожар избил во далноводите спроти трафостаницата близу Пинтија, неколку минути пред да снема електрична енергија.

Полиција го обезбедува просторот. Засега не е позната причината. Од ЕВН велат дека проблемот не е кај нив, додека пак од „Мепсо“ за „Макфакс“ велат дека се проверува каде е дефектот. За запалената трафостаница, не сакаа да коментираат и рекоа дека немаат информации. Оттаму најавија само соопштение.

Десетина скопски општини останаа без струја. Аеродром, Кисела Вода, Карпош 1,2,3,4, Мичурин, Автокоманда, се само дел од местата каде граѓаните немаат електрична енергија.

И дел од Центар остана без електрична енергија, но набрзо, тамо напојувањето беше стабилизирано. Во Ѓорче Петров – струја има.

Во два наврати, напонот на електричната енергија се врати, но набрзо, повторно престана.

Share
Scroll to Top