Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека и по повеќе од една година и пол на власт, ВМРО-ДПМНЕ не спровела ниту една од реформите предвидени во Реформската агенда со Европската унија.
„Годинава требаше да се донесат 12 закони. Не е донесен ниту еден,“ рече Филипче, додавајќи дека целта на владејачката партија не е реформа, туку контрола врз судствот.
Според него, таквото однесување повторно ја партизира државата и ја нарушува довербата во правосудството.
Филипче потенцираше дека префрлањето на одговорноста е неприфатливо.
Текстот Префрлањето на одговорноста за судството е неприфатливо, рече Филипче е превземен од МАКФАКС.





