Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска, ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој е предвидено да престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во фокусот на разговорите на министрите Османи и Шаленберг ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја, состојбите во регионот, како и билатералната соработка со акцент на економијата.
Соговорниците, како што информираат од кабинетот на Османи, ќе се осврнат и на политичко-економските реперкусии врз Европа, како последица на руската инвазија на Украина, како и на мултилатералната соработка, со акцент на претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Покрај средбата со неговиот домаќин, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со други високи државни и политички претставници од земјава.