Беќири е новиот тренер на Шкендија

Беќири е новиот тренер на Шкендија

пред 11 месеци

Фудбалскиот клуб Шкендија го имeнуваше Јетон Беќири за нов шеф на стручнујот штаб. Тој потпиша 18-месечен договор со клубот. Беќири на клупата на Шкендија ќе го наследи Ардијан Нухиу.

„По успешниот период во клубот како помошник тренер и во два наврати во улога на в.д. тренер на првиот тим, Јетон Беќири се враќа во Шкендија за првпат да го води тимот како шеф на стручниот штаб. Со своето богато искуство во домашниот и меѓународниот фудбал, Беќири е оценет како вистинскиот човек за доверување на клупата во периодот што следи“, се вели во клупското соопштение.

Беќири ја прифати поканата на Шкендија, откако претходно еднострано го раскина договорот со екипата на Ал Џабалаин од Саудиска Арабија, каде во изминатите 15 месеци ја извршуваше функцијата директор на академијата.

Share
Scroll to Top