Македонија го победи Косово и дојде на чекор од историски пласман на Европското првенство

пред 7 месеци

Македонската фудбалска репрезентација го доби вечерашното соседско дерби против Косово на арената „Тоше Проески“ со 2:1 и избори пласман во финалето на плејофот во Лигата на нациите, каде ќе ги одмери силите со Грузија.

Македонија одигра одлично прво полувреме, а поведе уште во 16 минута од мечот, со автоголот на косовскиот фудбалер Бенјамин Кољоли. Гостите израмнија 13 минути подоцна преку Хадерѓонај, кој искористи едно големо недоразбирање меѓу Димитриевски и Велковски. Сепак, Дарко Велковски во 33 минута со одличен удар со глава го постави конечниот резултат, кој ѝ донесе голема победа на Македонија.

До крајот македонскиот состав ја задржа предноста, иако имаше шанси за погодок и на двете страни.

Грузија, која вечерва ја совлада Белорусија со 1:0 на домашен терен, исто како и Македонија и Косово, го брка својот прв пласман на едно големо фудбалско натпреварување.

Македонија оваа година веќе играше еден меч со Грузија во Лигата на нациите на УЕФА кога на гости одигравме 1:1.

Големото финале за пласман на Евро2021 ќе се игра на 12 ноември на стадионот „Борис Паичадѕе“ во Тбилиси.

Share

AnimeTV anime tv all free anime for you: Jujutsu Kaisen (TV) (https://animetv.cc/m/v2eg) Episode 24

AnimeHeaven bleach anime heaven: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 13

Scroll to Top