Неверојатната вест доаѓа од Хрватска. Третолигашот Кустошија на Лајпциг му продаде фудбалер за 5,2 милиони евра.
Станува збор за 17. годишниот напаѓач Дино Клапија. Напаѓачот ги помина лекарските прегледи и наскоро треба и официјално да стане член на Булс.
Клапија пристигна во Кустошија минатиот март од Њујорк, филијала на Манчестер сити.
И тогаш имаше голем интерес за овој напаѓач, но тој се одлучи за Кустошија со оглед дека тоа беше најдоброто место за неговиот развој.
Покрај Лајпциг, за Клапија заинтересирани беа и Арсенал, Дортмунд и Динамо Загреб.
Инаку, тој е роден во Америка, но во декември 2023 година дебитираше за хрватската репрезентација до 17 години.
Да потсетиме, Кустошија летово го продаде стоперот Микаел Фаје на Барселона за пет милиони евра.