Швјонтек го освои „Ролан Гарос“

пред 8 месеци

Ига Швјонтек, 19-годишната тенисерка од Полска, е сензационален победник на „Ролан Гарос“. Таа во големото финале ја победи Американката Софија Кенин со 6:4, 6:1. На Швјонтек и беа потребни само 80 минути за да стигне до првата Гренд-слем титула во нејзината кариера, до која стигна како 54-та во светот. Со тоа стана најниско рангирана шампионка на турнирот во Париз, совладувајќи ја 2 години постарата ривалка од САД, која триумфираше на Австралија опен во февруари. Исто така, Ига е прва носителка на Гренд-слем турнир од Полска, а колку импресивно играше сведочи и фактот дека не пропушти ниту еден сет на патот кон трофејот. – Среќна сум, не знам што да кажам. Пред две недели ме немаше никаде, а сега победив, изјави Ига по мечот. Текстот Швјонтек го освои „Ролан Гарос“ е превземен од А1он .

Share

AnimeFreak old animefreak: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (https://animefreak.ws/m/avQk) Episode 26

AniWatch anime websites: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 26

Scroll to Top