Ван Дајк ќе мора на операција на коленото

Ван Дајк ќе мора на операција на коленото

пред 3 години

Стоперот на англискиот шампион Ливерпул, Холанѓанецот Вирџил ван Дајк ќе мора да оди на операција на десното колено кое го повреди вчера на градското дерби против Евертон, потврдија од клубот.

„Ливерпул може да потврди дека Вирџил ван Дајк ќе оди на операција на коленото кое му беше повредено при саботното реми со Евертон, 2-2. На средниот дефанзивец му се оштетени лигаментите по стартот на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, во седмата минута од мечот на `Гудисон парк`“ – соопштуваат од Ливерпул.

Невнимателниот старт на репрезентативниот голман на Англија го разлути Јирген Клоп затоа што беше принуден многу рано да го замени својот најдобар одбранбен играч.

Од таборот на „црвените“ не соопштија колку долго ќе трае опорвувањето на 29-годишниот холандски репрезентативец.

Share
Scroll to Top