(Видео) Циркус во Бразил – Играч се жали на повреда тие го влечат како вреќа со компири

(Видео) Циркус во Бразил – Играч се жали на повреда тие го влечат како вреќа со компири

пред 9 месеци

Комични сцени го обележа финишот на натпреварот во Бразил, во првенството на клубовите од сојузната држава Рио де Жанеиро, помеѓу Флуминенсе и Ботафого.

Во седмата минута од судиското надополнување, додека на семафорот стоеше 3:2 за гостите, играчот на Ботафо Фаустино Аугусто остана на тревата, жалејќи се на повреда, но беше надвор од теренот.

Додека стој се држи за глвата, му приоѓа соиграч, го фаќа за рака и го влече внатре во теренот, со намера да ја прекине играта и да „украде“ некоја минута.

Следеше брз одговор на голманот на Флуминенсе, кој по истиот рецепт му ги повлече нозете на Аугусто и го повлече надвор од границите на теренот. Во мешаницата која настана резервниот играч на Ботафого уште еднаш го турна преку линијата, каде што тој повторно легна на тревата.

Комично и неспортски, но на крајот даде резултат се одбранија и дури постигнаа уште еден гол за конечни 2:4.

Share
Scroll to Top