Меџик се третиот клуб кој го повлекува дресот на Шекил О’Нил

Меџик се третиот клуб кој го повлекува дресот на Шекил О’Нил

пред 11 месеци

Орландо Меџик потврди дека ќе го пензионира дресот со број 32. Официјалната церемонија ќе се одржи на 13 февруари, а Шекил О’Нил, некогаш најдоминантниот центар во НБА лигата, ќе стане првиот играч кој ќе биде награден од франшизата од Орландо.

Шек ја започна својата блескава НБА кариера, која траеше 19 сезони, во 1992 година, откако Орландо го зема како прв пик на драфтот. Тој беше играч на Меџик четири сезони и одигра 295 натпревари за клубот со просек од 27,2 поени, 12,5 скока, 2,4 асистенции и 2,79 блокади по натпревар.

И покрај неговата кратка кариера во тој клуб, тој сè уште котира високо во многу статистички категории на Меџик. Тој е втор блокер (824), трет по бројот на скокови (3691) и реализирани слободни фрлања (1602), шести најдобар стрелец (8019) во историјата на клубот со кој го играше во финалето на плејофот во 1995 година.

Тогаш не успеа да ја освои титулата, но подоцна тоа го направи четири пати. Три пати по ред како играч на ЛА Лејкерс и еднаш како член на Мајами Хит.

О’Нил ја заврши кариерата со просек од 23,7 поени, 10,9 скока, 2,5 асистенции и 2,3 блокади по натпревар.

Со 28.596 поени тој е осмиот најдобар НБА стрелец на сите времиња. Лејкерси и Хит веќе го пензионираа неговиот дрес.

Share
Scroll to Top