Спалети: Одиме во Германија да ја одбраниме титулата

Спалети: Одиме во Германија да ја одбраниме титулата

пред 11 месеци

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучано Спалети, го даде своето прво интервју во 2024 година за државната телевизија „Раи Дуе“, а се осврна на претстојното Европско првенство во Германија, иднината на „Аѕурите“, како и лансирањето на Суперлигата.

Италија е актуелен европски шампион, но за нацијата е разочарувачки што Азурите не успеаја да се пласираат на последните две Светски првенства, во Русија и Катар.

„Квалификациите за ЕП беа како глас што се издигнува од дното на јамата во која паднавме, глас кој на светот му вика дека ние сме тука и дека сме поживи од кога било“, рече Спалети и додаде:

„Пласманот на Европското првенство ни овозможува да одиме во Германија за да ја одбраниме титулата што ја освоивме во 2021 година, но има уште многу работа“, нагласи тој.

Спалети истакна дека ги следи и анализира играчите, објаснувајќи ги своите планови за иднината на Италија во годината на Европското првенство.

„Моја должност е да гледам, набљудувам и дознавам се што може да ги натера луѓето да слават. Се појавија играчи како Кајоде, Раниери, Колеос и Касадеј. Ги следиме некое време. Бове е сигурен и ми се допадна неговото однесување во последно време. Потоа Прати и Калафиори. Последниот е сигурен во централниот дел на одбраната и на левата страна и е подготвен за репрезентацијата“.

Италија на Европското првенство се наоѓа во најтешката група со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Share
Scroll to Top