Абас: Нема мир на Блиски Исток се додека страдаат Палестинците

пред 2 дена

Договорите за нормализирање на односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати и со Бахреин нема да доведат до мир на Блискиот Исток, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас Рамалах, 16 септември 2020 (МИА) – Договорите за нормализирање на односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати и со Бахреин нема да доведат до мир на Блискиот Исток, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас. Тој истакна дека продолжуваат страдањата на Палестинците. – Условите за постигнување на мир на Блискиот Исток се САД и Израел да го признаат правото на палестинскиот народ да создаде независна држава со главен град Источен Ерусалим, како и да биде решено прашањето со палестинските бегалци, посочи Абас. ми/

Share
Scroll to Top