Австрија со најголем број новозаразени од почетокот на епидемијата

пред 7 месеци

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Австрија постојано расте, а во изминатите 24 часа се регистрирани 1.346 нови случаи.

Ова е најголема бројка од почетокот на епидемијата во Австрија, која почна кон крајот на февруари.

Во споредба со средата минатата недела, бројката претставува раст од 33 проценти.

Најголем број новозаразени лица повторно има во Виена – 402, што е исто така нов рекорд.

Потоа следува Долна Австрија со 234, што е нов рекорд и за таа покраина и Тирол со 184

Во последните 24 часа починале 11 лица, така што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 872.

Од почетокот на епидемијата во Австрија вкупно се заразиле 58.879 лица.

Share

GoGoAnime gogoanime death note: DARLING in the FRANXX Episode 24

AniWatch animes online: Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? (https://aniwatch.pro/m/eMMz) Episode 12

Scroll to Top