Албанскиот Парламент го изгласа Изборниот законик со мали измени

пред 5 месеци

Мнозинството во албанскиот Парламент го обезбеди потребниот број пратеници и со 96 гласови „за“ изгласани беа најпрво измените, а потоа и новиот текст на Изборниот законик, кој беше главна политичка тема летово во земјата.

Почитувајќи го протоколот против Ковид-19, пратениците гласаа со ливчиња, а не по електронски пат.

Денешната пленарна седница донесе жестоки дебати меѓу пратениците поради различните ставови околу одредени одредби од Изборниот законик.

И покрај противењето на дел опозициски пратеници, останатите присутни на седницата, се придружија на гласовите со мнозинството, пополнувајќи го кворумот доволен за усвојување на изборните реформи кои се еден од условите за отпочнување преговори со ЕУ.

Вонпарламентарната опозиција и шефот на државата беа против измени на веќе договорената изборна реформа на 5 јуни,која како таква беше усвоена од парламентот, оценувајќи дека на тој начин се доведуваат во прашање слободни и демократски избори.

Екпсресно регираше лидерот на опозициска Демократска партија,Љуљзим Баша,оценувајќи го денешното гласање за антиуставен чин кој го „поништува договорот постигнат со

консензус на 5 јуни и сериозно ја погодува европската интеграција на земјата“

-Рама го направи последниот чекор кон провалијата. Но, тој нема да може да ги земе со себе Албанија и Албанците. Ништо не може да го спаси од поразот и казната што го очекуваат, напиша Баша на Фејсбук.

Share

Back Arrow (https://crunchyrollfree.com/m/5Jg6) Episode 2 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free shows

Watch Dr. Stone Episode 15 at AnimeFreak hunter x hunter animefreak

Scroll to Top