Анонимен повик за поставена бомба во судот во Атина каде продолжува рочиштето за Златна зора

пред 4 месеци

Непознато лице, кусо пред девет часот утрово со телефонски повик во информативниот портал „Зугла“ предупредило дека постои експлозивен механизам во атинскиот суд, каде што денеска продолжува рочиштето за Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина.

Непознатото лице не дало дополнителни информации околу местото каде што е поставена бомбата или конкретен временски период.

Според информациите во грчките медиуми, станува збор за лажен повик со оглед на тоа дека полицијата го проверила просторот и не пронашла ништо.

Анонимниот телефонски повик беше на нешто помалку од четири часа пред денешното рочиште за соопштување на казните за лидерот и поранешните пратеници на Златна зора, откако вчера беа прогласени за виновни за формирање на криминална организација и учество во неа.

Share

Dr. Stone (Dub) (https://animeplanet.cc/m/xQXB) Episode 24 at website https://animeplanet.cc food wars anime planet

Watch Gleipnir (Dub) Episode 5 (https://animeflix.nl/m/bxBM/ep-5) at ANIMEFLIX animeflix movie

Scroll to Top