Аризона ја тужи федералната влада поради обврзната вакцинација

пред 3 дена

Аризона стана првата сојузна држава што поднесе тужба против централната влада поради одлуката на претседателот Џо Бајден за обврзна вакцинација на федералните службеници и компаниите со 100 или повеќе вработени.

Чекорот е со цел да се девалвира одлуката на Бајден, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Генералниот обвинител на Аризона, републиканецот Марк Брнович изјави дека тужбата е против „неуставната“ одлука на претседателот, кој е демократ.

– Федералната влада не може да им кажува на луѓето да се вакцинираат поради Ковид-19. Администрацијата на Бајден повторно глуми со нашите закони и создава преседани за промоција на својата радикална агенда, изјави Брнович за американските медиуми.

Генералниот обвинител на Аризона започна постапка во окружен суд со барање одлуката за обврзна вакцинација да се прогласи за неуставна.

Указот на Бајден е обврзна мерка за вакцинација во време кога бројките на случаи на коронавирусни инфекции поради сојот „делта“ во САД се зголемуваат.

Според наредбата, вработените во компании со кадар од 100 и повеќе треба да се вакцинираат или да се тестираат еднаш неделно. Работодавачите кои не ги исполнуваат овие барања се соочени со казни во висина од 14.000 долари за секое нарушување.

Share

Watch RahXephon: Kansoukyoku/Kanojo to Kanojo Jishin to - Thatness and Thereness Episode Full

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz

TwistMoe: Under the Dog anime episode Full online free at https://twistmoe.net gogoanime

Animepahe: Alice & Zoroku (Dub) anime episode 12 online free at https://animepahe.cc animes online

A pr-cy: https://a.pr-cy.ru/gogoanime.be

Deviantart: https://www.deviantart.com/animeflixnl

Scroll to Top