Асад: Враќањето на бегалците е оневозможено од санкциите на Западот

пред 7 месеци

Сириската Влада работи на подготовката за враќање на милиони бегалци, кои избегаа поради граѓанската војна во земјата, но западните санкции ги поткопуваат напорите на државните институции, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Британските медиуми пренесуваат дека во Дамаск се оддржува дводневна конференција за враќање на бегалците, која е организирана од Русија, но е бојкотирана од многу арапски и западни земји.

На конференцијата присуствуваат официјални претставници од 27 земји, вклучувајќи ги и Либан и Ирак, кои се земји-домаќини на голем број сириски бегалци.

Обединетите нации и САД предупредуваат дека се уште не е време за враќање на бегалците.

Оттаму се тврди дека прво треба да се обезбедат условите за безбедно враќање на луѓето во земјата опустошена од повеќегодишната војна.

Во граѓанската војна во Сирија, која трае веќе девет години, досега се убини речиси половина милион лица и ранети се повеќе од еден милион.

Како резултат на конфликтот, 5,6 милиони луѓе ја напуштија земјата, претежно во соседните земји, додека речиси шест милиони се внатрешно раселени.

Владините сили, со помош на Русија и Иран, повратија поголем дел од територијата на Сирија, но голем број области остануваат надвор од нејзината контрола, претежно на северот на земјата, во близина на границата со Турција.

Share

4Anime 4anime app: Boku no Hero Academia 5th Season (https://4anime.biz/m/qnpK) Episode 4

AnimeHeaven animeheaven unblocked: Watch Umibe no Étranger Episode Full

Scroll to Top