Баша обвини дека албанските власти го кријат реалниот број на починати од Ковид-19

пред 7 месеци

Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, обвини дека албанските власти ја кријат реалната бројка на починати од Ковид-19.

Гостувајќи во телевизиска емисија Баша рече дека властите прикажале дури 414 случаи помалку од точната бројка на почнати лица од опасниот вирус.

-Во периодот март-октомври властите објавија дека починале 509 лица а всушност реалната бројка е 923. Ситуацијата е уште полоша во текот на овој месец кој сеуште не е завршен. Во првите 17 дена од месецот официјално беше објавено дека починале 128 лица, додека реалните бројки покажуваат дека бројот на смртни случаи во текот на овие денови е повеќе од двојно или 315, рече Баша.

Посебно го наведе деветти ноември, кога Министертвото објави дека од коронавирусот починале 11 а всушнот, како што тврди тој, реалната бројка на починати била 26 лица.

Тоа го поткрепува со податоци добиени од болниците и додаде дека за сите починати располага со лични податоци.

Вчера во Албанија беше регистран нов негативен рекорд од 786 новозаразени, 349 оздравени и 11 починати.

Share

WCOStream anime: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1 (https://wcostream.cc/m/2Are/ep-1)

ANIMEFLIX i want to eat your pancreas animeflix: Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 13

Scroll to Top